Корисничко име Лозинка Пријави се
16.10.2015

Мекејлеб ќе игра во Њу Орлеанс во НБА-лигата

Лестер Бо Мекејлеб за прв пат во својата кариера ќе игра во НБА-лигата. Тој се врати во својот роден град и потпиша договор со Њу Орлеанс.

Ангажманот на поранешниот македонски репрезентативец, со кого нашата селекција го оствари најголемиот успех во историјата освојувајќи го четвртото место на Евробаскетот во Литаванија пред четири години, официјално го потврди клубот од НБА-лигата.
Мекејлеб ќе игра на местото на Кори Вебстер, со кого екипата од Луизијана ја раскина соработката. Нашиот поранешен репрезентативец минатата сезона играше во дресот на Баерн Минхен со просек од 13,6 поени, 2,3 скокови и 5,6 асистенции по натпревар.
Пред да игра во Европа, Мекејлеб завршил колеџ во Њу Орлеанс, а во досегашната кариера играше за: Партизан, Мерсин, Монтепаски и Фенербахче.

Најнови вести