Корисничко име Лозинка Пријави се
19.8.2015

Лига на шампиони: Депај за пресврт против Бриж, победи на Лацио и Спортинг

Екипата на Манчестер јунајтед го совлада Клуб Бриж по пресвртот од 3-1 (2-1) во првиот натпревар од плејофот на Лигата на шампионите.

Спортинг во Лисабон ја победи ЦСКА од Москва со 2-1 (2-1), Лацио во Рим со погодокот на Кеита Балде го порази Баер Леверкузен, додека БАТЕ Борисов триумфираше против Партизан со истиот резултат.
Јунак на победата на Јунајтед беше одличниот Мемфис Депај. Холанѓанецот прво во 13-тата минута го неутрализира водството на гостите од Белгија, а половина час подоцна му донесе целосен пресврт на својот тим.
Конечниот резултат на средбата, за помирен пат на својот тим во Бриж, го постави Маруан Фелаини во 94-тата минута, на асистенција на Депај.
Во првиот натпревар на денот, Астана успеа да дојде до предност пред реваншот со екипата на АПОЕЛ во Никозија.
Реванш-натпреварите на програмата се наредната среда.

Лига на шампиони, плејоф, први натпревари:

Астана – АПОЕЛ 1-0 (1-0)
Џолчиев 14
БАТЕ Борисов – Партизан 1-0 (0-0)
Гордејчук 75’
Лацио – Баер Леверкузен 1-0 (0-0)
Кеита 77’
Манчестер јунајтед – Клуб Бриж 3-1 (2-1)
Депај 13’, 43’, Фелаини 94’ – Карик 8’ (аг)
Спортинг Лисабон – ЦСКА Москва 2-1 (1-1)
Гутиерез 12’, Слимани 82’ – Думбија 40’

Денеска:

20.45 Скендербег – Динамо Загреб
20.45 Селтик – Малме
20.45 Базел – Макаби Тел Авив
20.45 Рапид Виена – Шахтар Донецк
20.45 Валенсија – Монако

Најнови вести