Корисничко име Лозинка Пријави се
16.7.2015

АПОЕЛ за транспарентот пред дисципслинска

Кипарскиот шампион АПОЕЛ веројатно ќе биде казнет од Дисциплинската комисија на УЕФА поради истакнување транспарент со политичка конотација во текот на натпреварот од второто коло на квалификациите за пласман во Лигата на шампионите против Вардар.

Навивачите на клубот од Никозија развиле транспарент на којшто пишувало „Македонија е грчка“, а правилата на УЕФА тоа строго го забрануваат.
Исто така, навивачите на АПОЕЛ во текот на натпреварот пееле песни на национална и политичка основа.
Делегатот на натпреварот во Кипар во извештајот го внесол истакнувањето на транспарентот со политичка содржина и се очекува УЕФА да покрене дисциплинска постапка.
Првиот дуел заврши без голови, а реваншот е на 21-ви јули од 20 часот на националниот стадион „Филип Втори“, во Скопје.

Најнови вести