Корисничко име Лозинка Пријави се
02.7.2015

Туран се реши за Барселона

Досегашниот фудбалер од средината на теренот на Атлетико Мадрид, Арда Туран, кој последните неколку денови се поврзуваше со Челзи, сепак нема да ја напушти Шпанија затоа што ќе потпише за Барселона, пренесоа шпанските медиуми.

Според „Спорт“ и „Марка“, договорот за трансферот на Туран е направен во Ибица меѓу претседателот на каталонскиот клуб, Хосеп Бартомеу и претставникот на Атлетико Мадрид, Хил Марин.
Барселона сепак ќе мора да чека до јануари со ангажманот на Туран заради забраната за трансфери што фудбалерот го прифатил.
Туран ќе потпише договор до 2020 година.
Дваесет и осумгодишниот турски интернационалец во Атлетико е од 2011 година кога дојде од Галатасарај и оттогаш одигра 178 натпревари и постигна 22 гола.
Туран со Атлетико ја освои Лигата на Европа во 2012 година, Кралскиот куп, шампионската титула во 2014 и играше во финалето на Лигата на шампионите минатата година.

Најнови вести