Корисничко име Лозинка Пријави се
09.6.2015

Ван Перси: Јунајтед повторно ќе потроши 200 милиони фунти

Робин ван Перси, напаѓачот на Манчестер јунајтед, изјави дека неговиот клуб и ова лето ќе издвои 200 милиони фунти за засилувања за да стане сериозен конкурент во борбата за титулата.

Јунајтед минатата сезона ги доведе: Лук Шоу, Андер Ерера, Анхел ди Марија, Радамел Фалкао, Маркос Рохо и Дејли Блинд, но тоа не му помогна, бидејќи тимот на Луис ван Хал заврши на четвртото место на табелата.
„Јунајтед минатата година потроши 200 милиони фунти и ова лето ќе издвои исто толку за да имаме тим кој може да се бори за титулата“, изјави Ван Перси, пренесува „Стандард“.
Тој додаде дека добро ќе размисли кога ќе носи одлука за иднината.
„Имам амбиција да играм што повеќе натпревари во следната сезона. Повеќе од кога било се чувствувам подготвено. Знам дека ако играм повеќе, подобро ќе бидам подготвен за Европското првенство наредното лето. Сè ќе земам предвид кога ќе носам одлука за иднината“, додаде Ван Перси.
Единствено засилување на „црвените ѓаволи“ засега е Мемфис Депај, кој за 23,3 милиони фунти направи трансфер од ПСВ.

Најнови вести