Корисничко име Лозинка Пријави се
30.4.2015

Инзаги: Милан ќе одлучи

Филипо Инзаги, тренерот на Милан, во претстојните дена очекува отказ поради лошите резултати со „росонерите“.

Гигантот од „Сан Сиро“ е поразен во последните две кола, а не знае за победа веќе во четири, па на пет кола пред крајот на сезоната, практично се збогува од пласман во Европа.
„Ова е фудбал. Има лоши денови, а ваквата ситуација секогаш е ризична за тренерот. За разлика од натпреварот со Удинезе, дадовме сè од себе, но Џенова беше подобра. Разочаран сум“, изјави Инзаги.
Веќе повеќе седмици се шпекулира дека ќе се смени легендарниот голгетер, а се чини дека сега е најблиску.
„Никогаш не сум се откажувал, ниту како играч, ниту сега како тренер. Одам со крената глава, клубот ќе ја процени ситуацијата, а јас ќе ја прифатам која било одлука да ја донесат. Денес ќе се знае“, изјави Инзаги.
Милан беше во конкуренција за Лигата на Европа до пред неколку месеци, дури го совлада и Наполи, кој се бори за Лигата на шампионите, но според зборовите на Инзаги, сè тргна наопаку по серијата повредени играчи.
„Жалам поради неколку одлуки, се извинувам за играта на последните два натпревари, а најлош беше против Лацио. Сега ни преостанува на достоинствен начин да ја завршиме сезоната. Тактиката не е важна, кога се мачиш вака, важни се некои други работи“, додаде Инзаги.
Италијанските медиуми шпекулираат дека уште еден поранешен играч на Милан, Кристијан Броки,би можело да го замени Инзаги, а покрај него, на местото прв тренер на „росонерите“ би стигнал од клупата на младиот тим.

Најнови вести