Корисничко име Лозинка Пријави се
28.4.2015

Суспензија од пет натпревари за Херман Денис

Дисциплинската комисија на италијанската Серија А го казни Херман Денис, напаѓачот на Аталанта, со забранет настап на пет натпревари.

Тој по првенствениот натпревар против Емполи го удри противничкиот играч Лоренцо Тонели.
Денис по завршувањето на натпреварот (2-2) во соблекувалната на Емполи се судри со Тонели.
Тонели е суспендиран на еден натпревар поради тоа што му се заканувал на аргентинскиот фудбалер и на неговото семејство. Денис ќе ги пропушти средбите против: Чезена, Лацио, Палермо, Џенова и Киево, додека на теренот ќе се врати во последното коло на Серија А против Милан.
Тој оваа сезона постигна осум голови за Аталанта, а пред тимот од Бергамо, играше и за: Удинезе, Наполи, Индепендиенте, Колон, аргентинскиот Арсенал и Чезена.

Најнови вести