Корисничко име Лозинка Пријави се
23.4.2015

Симеоне: Дома си отидов среќен

Диего Симеоне, тренерот на Атлетико Мадрид, изјави дека е горд на своите играчи, и покрај елиминацијата во четврт-финалето на Лигата на шампионите од градскиот ривал Реал.

„Горд сум на тоа како се натпреваруваше мојот тим. Имам екипа составена од одлични луѓе. Верувам дека многу тренери се љубоморни што имам вакви играчи. Ако дадеш сè од себе, дома си одиш среќен. Така е и сега, нема негативни чувства“, изјави Симеоне.
Атлетико Мадрид натпреварот го заврши со десетмина играчи на теренот, откако Арда Туран во 76-тата минута доби втор жолт картон, а Диего Симеоне, тренерот на „јорганџиите“ изјави дека исклучувањето го одлучило победникот.
„До црвениот картон сè одеше онака како што замисливме. Горд сум на мојот тим и немам што да им забележам. Одиграа одлично. Среќен сум што имам вакви играчи“, изјави Симеоне.
Ждрепката за полуфиналето на Лигата на шампионите ќе се одржи утре од 12 часот во Нион.

Најнови вести