Корисничко име Лозинка Пријави се
14.4.2015

Сансон го повреди вкрстениот лигамент

Морган Сансон, фудбалерот на Монпелје, ќе паузира најмалку шест месеци поради повреда на лигаментите на коленото, пренесува агенцијата „АФП“.

Сансон го скина лигаментот на коленото во неделата, во текот на поразот против Тулуз.
„Пресуда: Скинат лигамент на коленото“, напиша на „Твитер“ 20-годишниот фудбалер.
Тој изјави дека повредата целосно го фрлила во очај, но дека ќе се труди да се врати уште посилен.
Сансон оваа сезона беше стартер на 30 натпревари во француската Лига 1 и постигна шест голови.
Тој во Монпелје стигна од второлигашот Ле Ман во 2013 година, а неодамна го продолжи договорот до 2018.

Најнови вести