Корисничко име Лозинка Пријави се
13.4.2015

Пет милиони за Ван Перси за прекин на соработката

Манчестер јунајтед е подготвен на напаѓачот Робин ван Перси да му понуди пет милиони фунти за да го раскине договорот во јуни, пишува „Дејли мејл“.

На холандскиот фудбалер договорот со Јунајтед му истекува следната година, но клубот сака порано да ја заврши соработката бидејќи Ван Перси има високи седмични примања, околу 250.000 фунти.
Доколку се оствари тоа,  Ван Перси нема да има проблем да пронајде нов тим, бидејќи за него веќе беа заинтересирани Јувентус, Интер и Лацио.
Ван Перси оваа сезона во сите натпреварувања одигра 26 натпревари и постигна десет голови.
Тој во 2012 година направи трансфер од Арсенал во Јунајтед, а играше уште за Феенорд.
За репрезентацијата на Холандија настапи 96 пати и даде 49 голови.

Најнови вести