Корисничко име Лозинка Пријави се
19.3.2015

Милан го сака Михајловиќ на клупата

Српскиот тренер Синиша Михајловиќ од наредната сезона би можело да седне на клупата на седумкратниот шампион на Европа, Милан, пренесуваат италијанските медиуми.

Таквото сценарио е сосема реално со оглед на тоа дека на актуелниот стратег на Сампдорија договорот со клубот од Џенова му истекува налето, а „росонерите“ веќе му подготвиле отказ на Филипо Инзаги поради разочарувачката сезона.
Според италијанските медиуми, Инзаги би можело да добие отказ и пред истекувањето на тековната натпреварувачка кампања, што сигурно ќе се случи доколку Милан не го совлада Калјари во наредното коло, а во тој случај на негово место би дошол, не Михајловиќ, туку некој кој привремено ќе ја преземе грижата за екипата. Доколку се договорат двете страни, Михајловиќ дури налето би го презел кормилото на славниот клуб.
Управата на Милан размислува и за други кандидати за тренерската работа, во опција беа Монтела и Конте, но моментно и двајцата се нереално решение, во игра е и Маурицио Сари, тренерот на Емполи,но изгледа вистински фаворит да го наследи Инзаги е Михајловиќ, поради своето знаење, искуство, темперамент, посветената работа и, секако, поради резултатите кои ги постигнува со Сампдорија.
Фактот дека порано играше за Интер, подоцна беше помошник на Манчини на клупата на најголемиот ривал на Милан, очигледно, не е нешто што би можело да ја расипе работата на Србинот за најголемиот ангажман во кариерата.

Најнови вести