Корисничко име Лозинка Пријави се
17.3.2015

Инзаги по новиот пораз: Почнавме да играме добар фудбал

По новиот пораз на Милан, од Фиорентина во Тоскана, се чини дека е само прашање на време кога ќе му биде врачен отказ на Филипо Инзаги.

Падот на десеттото место, само две победи во претходните три месеци, и тоа против слабите Парма и Чезена на домашен терен, се аргументи кои не му одат во прилог на младиот тренер. И покрај тоа, тој е задоволен како одиграл неговиот тим во Фиренца...
„Одигравме баш онака  како што игравме некогаш и денес го видов мојот Милан“, изјави Инзаги по поразот од Фиорентина.
„Росонерите“ поведоа со голот на Дестро, но целиот нивен труд беше срушен во последните седум минути со пресвртот на домашниот тим.
„Голема штета. Дури мислам дека и реми би бил лош резултат за нас, а ние изгубивме иако заслуживме да победиме“, додаде тренерот на Милан.
На прашањето на новинарите дали мисли дека тоа му е последниот натпревар на клупата на Милан, бидејќи веќе извесно време се зборува за негова смена, Инзаги изјави:
„Иднината? Имам договор, сега останува на клубот да ја разгледа ситуацијата. Претседателот често ме повикува, како и Адријано Галијани. Не сме баш во идеална позиција на табелата, но од вечерва повторно почнавме да играме добар фудбал. Се надевам дека ќе работам како тренер уште 30 години. Милан многу направи за мене и се надевам дека ќе останам во клубот. Ако ме задржат, супер, во спротивно ќе продолжам да работам на некое друго место. Ова е работа која ја сакам“.

Најнови вести