Корисничко име Лозинка Пријави се
28.1.2015

Бокети на заем во Милан до крајот на сезоната

Салваторе Бокети, дефанзивниот играч на Спартак од Москва, до крајот на сезоната ќе игра на заем во Милан, со опција за откуп на договорот, соопшти денес рускиот клуб.

Дваесет и осумгодишниот Бокети, кој пет пати играше за италијанската репрезентација, во 2013 година во Спартак направи трансфер од Рубин Казањ, каде што стигна од Џенова во 2010 година.
Тој е трет играч кој во текот на зимската пауза отиде на заем од Спартак, по Роман Широков, кој му се придружи на Краснодар, и аргентинскиот играч за врска Тино Коста – позајмен на Џенова.

Најнови вести