Корисничко име Лозинка Пријави се
27.1.2015

Менез: Играчите се со Инзаги

Жереми Менез, фудбалерот на Милан, изјави дека играчите би сакале тренерот Филипо Инзаги долго да остане во клубот, и покрај тоа што медиумите шпекулираат дека го саботираат.

Наводно, првотимците не се задоволни од начинот на работа на Инзаги и е можно легендарниот голгетер да ја доживее судбината на некогашниот соиграч и претходник на клупата на „росонерите“ Кларенс Сидорф.
„Атмосферата во екипата е добра и сите играчи се со тренерот. Минуваме низ тешки времиња, но мораме да се издигнеме, работиме уште посилно и резултатите ќе дојдат. Навистина, изгубивме многу важен натпревар против Лацио, поради тренерот и навивачите, но не смееме да вршиме дополнителен притисок“, изјави Менез, а пренесува „Тутоспорт“.
„Тутоспорт“ наведува дека статусот на Инзаги зависи од резултатите во наредните натпревари во Серија А против Рома и против Јувентус.
Седумкратниот шампион на Европа е без победа на последните пет натпревари во првенството и моментно се наоѓа на разочарувачкото 11-то место, со 26 бодови.

Најнови вести