Корисничко име Лозинка Пријави се
06.9.2011

Серија А почнува во петок

Со натпреварот од второто коло меѓу фудбалерите на Милан и Лацио на „Сан Сиро“, во петок вечерта ќе почне новата првенствена сезона во Италија.

Тоа вчера формално го овозможија Маурицио Берета, претседателот на Италијанската фудбалска лига, и Дамијано Томази, претседателот на Синдикатот на професионалните фудбалери во Италија, потпишувајќи привремен колективен договор со кој ќе се овозможи играње натпревари сè додека двете страни не постигнат долгорочен договор.
Станува збор за значаен напредок кој дојде по многу преговарачки рунди.
„Ќе играме. Мислам дека на играчите треба да им се честита за здравиот разум што го изразија при преговорите“, рече поранешниот играч за врска на Рома и на италијанската репрезентација.
Првото коло од првенството, кое требаше да се игра последниот викенд во август, беше откажано поради отсуството на договор.

Најнови вести