Корисничко име Лозинка Пријави се
15.12.2014

Инзаги: Третото место е достижно

Филипо Инзаги, тренерот на Милан, изјави дека е горд на екипата по победата со 2-0 над Наполи и додаде дека е достижно третото место во Серија А.

Инзаги изјави дека целта на „росонерите“ е местото кое води во квалификациите за Лигата на шампионите, а тие моментно се наоѓаат на шестата позиција со 24 бодови, два помалку од третопласираната Сампдорија.
„Имавме неколку проблеми со повреди, но отсекогаш сум верувал во овој тим. Одигравме одлично против Наполи и морам да нагласам дека сум многу горд на своите играчи. На добар пат сме, тешко дека ќе можеме до првите две места, но задача е третата позиција. Имавме многу подеми и падови, но верувам дека сега ќе имаме континуитет во успехот“, изјави Инзаги.
Во наредното коло Милан гостува кај второпласираната Рома, во сабота.

Најнови вести