Корисничко име Лозинка Пријави се
16.11.2014

Словачка ги казни грешките во нашата одбрана

Македонската фудбалска репрезентација го претрпе третиот пораз во Квалификациите за Евро 2016, овој пат од Словачка со 2:0.

Македонските репрезентативци одиграа добар натпревар, но по грешките во одбраната примивме два наивни голови, а Словаците до крајот рутински го задржаа водството.
Јурај Куцка во 25’ и Адам Немец во 38’ беа стрелци за четвртиот триумф на Словачка на четвртиот натпревар. 
До крајот на средбата, нашите фудбалери одиграа многу офанзивно, на двапати ја погодивме и рамката на голот на Словаците, но немавме среќа да постигнеме барем еден гол.
„Се уплашивме во првото полувреме. Побарав да одиграме со самодоверба но тоа го немавме на почетокот. Требаше да примиме два гола за да бидеме похрабри и да ги почнуваме акциите од одбраната“, изјави по натпреварот Бошко Ѓуровски, селекторот на македонската репрезентација.
Македонија по четирите кола останува на трите бода освоени со Луксембург. Следниот натпревар од Квалификациите ќе се игра во март следната година со Белорусија.

Најнови вести