Корисничко име Лозинка Пријави се
11.11.2014

Македонија без Ибраими против Словачка

Во составот на македонската репрезентација за натпреварот против Словачка од квалификациите за Европското првенство нема да биде Агим Ибраими, кој има пневмонија на градите, соопшти Фудбалската федерација на Македонија.

Бошко Ѓуровски, селекторот на нашиот репрезентативен тим, изјави дека нема да повика нов фудбалер на местото на Ибраими.
„Ибраими не е во можност да настапи против Словачка. За нас тоа претставува хендикеп, Агим играше во одлична форма, жал ми е што го немаме во составот, но мораме да ја прифатиме реалната ситуација. Сепак, радува тоа што останатите офанзивни фудбалери кои се повикани играат во добра форма, се надевам дека на високо ниво ќе ги реализираме тренинзите и подготвени ќе истрчаме против Словачка“, изјави селекторот Бошко Ѓуровски.
Натпреварот меѓу Македонија и Словачка се игра на 15-ти ноември во Скопје.

Најнови вести