Корисничко име Лозинка Пријави се
08.10.2014

УЕФА го суспендира претседателот на ФС Италија поради расизам

Карло Тавекио, претседателот на Фудбалскиот сојуз на Италија, е суспендиран на шест месеци од фудбалот поради расистички коментари, соопшти Дисциплинската комисија на Европската фудбалска унија.

Во соопштението на УЕФА се наведува дека Тавекио за казна ќе мора во Италија да организира посебен настан за борба против расизмот.
Покрај тоа, Тавекио нема да може да учествува на конгресот на УЕФА на 24-ти март следната година во Виена, кога Мишел Платини, претседателот на европската куќа на фудбалот, би требало повторно да биде избран на таа функција.
Контроверзниот 71-годишен Тавекио за претседател на Фудбалскиот сојуз на Италија е избран на 11-ти август, иако во текот на кампањата користел расистички пароли.
Тој денот кога го навреди црномурниот играч се извини и изјави дека не е расист, но јавноста во Италија беше огорчена од неговите изјави.


Најнови вести