30.9.2014 ГРАН-ПРИ ЏЕК-ПОТ ОД 468.500 ДЕНАРИ
КЕНО, Твоја игра, твоја среќа! Среќата го посака Мустафа Шабани од Скопје, кој во вторникот го доби најголемиот ГРАН-ПРИ ЏЕК-ПОТ од почетокот на КЕНО во Македонија.
Среќниот Мустафа, триесет и едногодишниот скопјанец, во вторникот го „фати“ гран-при џек-потот во висина од 468.500 денари!
Во објектот на SPORT LIFE обложувалници во Топанско поле, Мустафа го уплатил за 100 денари неговиот последен КЕНО тикет за денот со бројките 18 и 49, кои не биле добитни во тековното извлекување. Но, сепак, среќата го посакала откако на екранот по извлекувањето се појавил серискиот број 02443560 на неговиот тикет со рекордната гран-при џек-пот добивка на КЕНО играта досега!
„Играм КЕНО откако почна во вашата обложувалница и имав претчувство дека кога-тогаш ќе бидам добитен. Играм секој ден по неколку тикети, имам мои среќни бројки кои ги вртам на сите тикети и понекогаш добивам, понекогаш не, но таква е играта“, ни кажа Мустафа.
„Во вторникот одиграв неколку тикети и кога од последниот не беа извлечени моите бројки, го стуткав тикетот, но како да имав претчувство дека сепак може да бидам ’добитен’. Ги погледнав бројките кои беа извлечени во џек-потот и не можев да поверувам дека мојот тикет ми ја донесе главната премија, а тоа беше многу повеќе од тоа што очекував“, продолжи среќниот добитник.
Џек-потот кој стигна до 468.500 денари, а по одбиените даночни обврски, Мустафа подигна 421.650 денари или скоро 7000 евра!
„Знаев дека кога-тогаш ќе имам среќа во КЕНО. Ова ми е многу интересна игра и ќе продолжам да ја играм и да се надевам на уште добивки. На сите можам да им порачам да почнат да играат КЕНО и да си ја бараат среќата, таа нема да дојде самата“, заврши Мустафа.
По исплатениот рекорден џек-пот, фондот за главната премија почна повторно да се полни и во моментов изнесува околу 145.000 денари.
Бројките за КЕНО и КЕНО ГАЛАКСИ можете да ги уплатите на секои пет минути во уплатните места на SPORT LIFE обложувалници. Имате одлична шанса во едно од 144-те кола секој ден да си ја побарате и сами вашата среќа!