Корисничко име Лозинка Пријави се
18.8.2011

Дурант во ЦСКА?

Руските медиуми пренесуваат две „бомби“ врзани за ЦСКА.

Првата е онаа за која веќе подолго време се зборува, уште од првиот ден кога локаутот во НБА стапи на сила, дека се почнати преговори со Андреј Кириленко, a втората дека раководството на клубот преговара со агентите на Кевин Дурант.

Истите извори тврдат дека најдобриот стрелец на американската кошаркарска лига за доаѓање во Москва бара милион долари месечно.

Доколку овие информации се покажат како точни, ќе биде сигурно дека голема улога во изборот на нов клуб на Дурант имал неговиот поранешен соиграч и добар пријател од деновите кога играа заедно за Оклахома, Ненад Крстиќ.

Најнови вести