Корисничко име Лозинка Пријави се
05.5.2014

Антиќ ја заврши деби сезоната во НБА

Атланта хокс со поразот во седмиот решавачки натпревар против Индијана пејсерс е елиминирана од плејофот во НБА-лигата.

Перо Антиќ, првиот македонски кошаркар во НБА-лигата, дебитантската сезона ја заврши со 50 одиграни натпревари, во кои постигна 352 поени, 209 скокови и 58 асистенции. Во секој натпревар тој имаше просек од 18,5 одиграни минути и учинок од по седум поени, 4,2 скока и 1,2 асистенции по натпревар.
Антиќ и Атланта хокс имаа голема шанса да го изненадат фаворитот Индијана и да се пласираат во полуфиналете на конференцијата, но загубија во мајсторката со 92:80.
Клучна беше втората четвртина, која Индијана ја доби со 23:13 и на полувремето имаше предност од 47:36, по што до крајот на натпреварот рутински го одржуваа водството.
Антиќ одигра скоро 21 минута но не поентираше, а оствари 4 скока, 1 асистенција и украде 2 топки.
Пол Џорџ со 30 поени и 11 скокови ја предводеше Индијана до победата, а кај Атланта најефикасен беше Корвер со 19 поени.

Најнови вести