Корисничко име Лозинка Пријави се
09.8.2011

Откажан пријателскиот меч меѓу Англија и Холандија

Фудбалската федерација на Англија го откажа пријателскиот натпревар со Холандија кој требаше да се игра утре вечер во Лондон.

По договорите со полициските сили во Лондон одлучено е мечот да се откаже поради немирите кои веќе трет ден ја тресат англиската метропола, кои почнаа по убиството на еден 29 годишен маж од страна на единици на лондонската полиција.

Вест хем, Чарлтон и Кристал палас ги одложија натпреварите од Карлинг купот кои требаа да ги играат вечерва затоа што лондонската полиција не може да гарантира мирно одржување на натпреварите.

Сè уште не се знае дали вечерва ќе се одигра пријателскиот натпревар меѓу Гана и Нигерија кој треба да се игра во Ватфорд, северно од Лондон, а по последниот развој на ситуацијата и трите премиерлигашки натпревари кои беа на програмата викендов се неизвесни. Тотенхем претходно на својата страница изјави дека ќе стори сè да се одигра натпреварот, но по последните ескалации на насилствата мечот со Евертон најверојатно ќе биде одложен, заедно со натпреварите Квинс Парк Ренџерс – Болтон и Фулам – Астон вила.

Најнови вести