Корисничко име Лозинка Пријави се
09.8.2011

Гана без четири стандардни репрезентативци против Нигерија

Репрезентацијата на Гана нема да може да смета на четири стандардни фудбалери за пријателскиот меч против Нигерија вечерва.

„Црните ѕвезди“ ќе бидат без клучните играчи во одбраната Џон Менса и Даниел Опаре, како и без играчите за врска, фудбалерот на Удинезе, Квадво Азамоа и играчот на Милан, Кевин-Принц Боатенг.

Нови лица во селекцијата на Гана ќе бидат Алберт Адома, фудбалер кој ги брани боите на Бристол сити и членот на Ватфорд, Принц Буабен.

Од друга страна, Нигерија нема никакви проблеми со повредени фудбалери.

Најнови вести