Корисничко име Лозинка Пријави се
05.12.2013

Жан Фернандес ја напушти тренерската клупа на Монпелје

По седмата последователна средба без победа, оставка на местото тренер на францускиот фудбалски прволигаш Монпелје поднесе Жан Фернандес.

Педесет и деветгодишниот Фернандес на тренерската клупа на Монпелје стигна ова лето на местото на Рене Жирар, но на неа се задржа само 16 кола во новата сезона и екипата ја остава на 17-тото место на француската Шампионат лига.
Францускиот стручњак во текот на минатата сезона ја напушти клупата на Нанси, кој на крајот испадна во понизок ранг на францускиот фудбал.
Звучи по малку неверојатно дека Фернандес од последните 34 натпревари колку што седеше на тренерската клупа, доби само два, и двата на клупата на Монпелје!

Најнови вести