Корисничко име Лозинка Пријави се
02.11.2013

Спартак Москва казнет со два натпревари без публика

Руската фудбалска федерација го казни Спартак Москва со два домашни натпревари без публика како и со парична казна од 600.000 рубљи (14.000 евра).

Во средата Спартак Москва го победи Шиник во Јарослав со 1-0 во шеснаесет финалето од Рускиот куп. По овој натпревар полицијата од Јарослав извести дека уапсила 78 престапници по мечот.
Хулиганите меѓу навивачите на Спартак прво на трибините развија нацистичко знаме, а потоа почнаа да ги корнат столчињата на трибината на која беа сместени и со нив да фрлаат по чуварите на редот.
Федерацијата го казни клубот поради однесувањето на неговите навивачи, па така третопласираниот клуб во руското првенство две важни средби на домашен терен ќе игра пред празни трибини: утре против Локомотив Москва и на 10 ноември против Зенит.

Најнови вести