Корисничко име Лозинка Пријави се
08.8.2013

Емануел Еменике во Фенербахче по втор пат

Турскиот фудбалски клуб Фенербахче ги засили редовите со најдобриот стрелец на минатогодишното издание на Африканскиот куп на нации, Нигериецот Емануел Еменике.

Ова е враќање на Еменике во инстанбулскиот клуб, за кој никогаш и не заигра поради аферата околку наместените натпревари во 2011 година. Фенербахче му плати на московски Спартак 13 милиони евра за неговите услуги.
Еменике ја предводеше Нигерија до титулата на споменатиот Африкански куп на нации со четири голови, а оваа сезона во дресот на Спартак во првите четири натпревари постигна три голови.

Најнови вести