Корисничко име Лозинка Пријави се
25.6.2013

Билиќ нов тренер на Бешикташ

Славен Билиќ, поранешниот селектор на репрезентацијата на Хрватска, е именуван за нов тренер на турскиот прволигаш Бешикташ, пренесоа турските медиуми.

Дневникот „Милијет“ тврди дека Билиќ со едниот од трите најпопуларни турски клубови потпишал договор на две години и дека ќе има примања од околу два милиони евра годишно.
Бешикташ и минатата година сакаше да го ангажира овој хрватски стручњак, меѓутоа, Билиќ се определи за Локомотив од Москва. Со рускиот клуб оствари разочарувачки резултати, Локомотив националниот шампионат го заврши на деветтото место, па соработката договорно беше прекината.

Најнови вести