Корисничко име Лозинка Пријави се
08.5.2013

Јувентус во Бергамо без Буфон, Барцаљи, Погба

Освен фудбалерите на Рома и Киево, кои својот натпревар од 36-тото коло на италијанската Серија А го одиграа вчера (победа на Киево од 0-1), сите останати натпревари се денес на распоредот.

Јувентус минатиот викенд, со минимална победа од 1-0 против Палермо, и математички ја одбрани шампионската титула, па до крајот на сезоната составот на Антонио Конте може релаксирано да ги одработи сите задачи.
Исто така, оние полесно повредените ќе бидат слободни во идните натпревари, а всушност таква е ситуацијата со првиот голман на клубот од Торино, одличниот Џиџи Буфон, кој нема ниту да патува во Бергамо. Тој ќе биде поштеден поради полесната повреда на бутниот мускул на левата нога. Против Аталанта нема да патува ниту стандардниот одбранбен играч Андреа Барцаљи поради повреда на Ахиловата тетива.
Тренерот Конте мора да ја состави екипата и без Пол Погба, кој е суспендиран поради плукање на соперничкиот играч.

Најнови вести