Корисничко име Лозинка Пријави се
25.4.2013

Коло Туре го напушта Манчестер сити

Коло Туре, репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, на крајот на сезоната ќе го напушти Манчестер сити, но се надева дека кариерата ќе ја продолжи во Премиер лигата.

Туре во Сити дојде во 2009 година од Арсенал, но во последно време не добиваше шанси кај менаџерот Роберто Манчини.
„Овде сум речиси четири години, зад мене се две фантастични сезони, кога играв и ги слушав песните на навивачите за мене и за мојот брат. Тоа ќе ми недостасува. Веќе два месеци немам добиено понуда од клубот и морам да размислувам за иднината. За мојата фамилија и децата најдобро би било да останеме во Англија“, рече Туре за „Скај спорт“.
Неговиот помлад брат Јаја на почетокот на април го продолжи договорот со Сити до 2017 година.
Коло Туре во досегашниот дел од сезоната забележа само 14 настапи за „граѓаните“ и не успеа да се запише во списокот на стрелците.

Најнови вести