Корисничко име Лозинка Пријави се
06.3.2013

Марадона преговара со Монпелје

Легендарниот Диего Марадона почна преговори околу преземање на местото тренер на Монпелје, објави агенцијата која го застапува во Франција.

Марадона, кој немаше многу успеси како тренер, без ангажман е од минатата година, кога доби отказ во Ал Васли од Дубаи.
Бидејќи Рене Жирар ќе ги напушти редовите на францускиот шампион на крајот на сезоната, изгледа Монпелје сега бара големо име што ќе го замени.
„Марадона нè извести дека е подготвен да преговара со Монпелје околу евентуално преземање на водењето на клубот. Им испративме факс во клубот и им дадовме зелено светло за почеток на преговори“, изјавија од агенцијата која го застапува Марадона во Франција, а интересно е тоа дека соработува и со Монпелје.
По претходната одлична сезона, Монпелје во оваа имаше големи проблеми да ги усогласи обврските во Европа и Франција. Клубот испадна од Лигата на шампионите уште во групната фаза, а моментно има десет бодови помалку од лидерот ПСЖ на 11 кола пред крајот на сезоната во првата француска лига.

Најнови вести