Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
31.1.2013

Буонаноте во Гранада

Аргентинскиот фудбалер Диего Буонаноте по 18 месеци ја напушти Малага и потпиша договор на четири и пол години со Гранада, пренесоа медиумите.

Некогашниот напаѓач на Ривер плате, кој своевремено беше прогласуван за наследник на Диего Армандо Марадона, во текот на 18 месеци, колку што помина во Малага, не успеа да се избори за статусот стандарден првотимец.
Во Малага одигра вкупно 21 натпревар и притоа постигна само два гола.
Екипата на Гранада оваа недела го отпушти тренерот Хуан Антонио Анкела, а на негово место дојде Лукас Алкараз.
Гранада по 21-то коло во Примера лигата се наоѓа на 17-тата позиција и има 20 бодови.

Најнови вести