Корисничко име Лозинка Пријави се
24.6.2011

Црногорецот Баша ново засилување за Лил

Шампионот на Франција на својата официјална интернет страница го потврди трансферот на црногорскиот репрезентативец Марко Баша од Локомотив Москва.

Лил бил заинтересиран за централниот дефанзивец и минатото лето, кога Црногорецот сакал да го купи и ПСЖ, но тогаш Баша остана во Москва. Сепак, трансферот се реализира сега, а 28 годишниот фудбалер потпиша четиригодишен договор.

„Среќен сум што потпишав за толку амбициозен клуб и што повторно ќе соработувам со Руди Гарсија, тренер кој многу ми помогна во мојата кариера“, изјави Баша, говорејќи за актуелниот тренер на Лил со кого претходно соработуваше во Ле Ман.

Најнови вести