Корисничко име Лозинка Пријави се
12.7.2012

Луис и Ален претставени во Мајами

Шампионите од Флорида во брзо време немаат намера да го препуштат тронот. По најдобриот тројкаш во историјата на НБА, Реј Ален, Мајами го ангажира и 32-годишниот Рашард Луис.

Двајцата вчера беа претставени на Флорида.
Луис веќе 13-та сезона е во елитната лига, ги бранеше боите на Сиетл, Орландо и Вашингтон, два пати учествуваше на Олстар-натпреварите. Иако минатата сезона имаше договор со Вашингтон визардс на 24,8 милиони долари, со желба да се стаса до шампионската титула, се согласи да дојде на Флорида за скромни 1,3 милиони долари.
Иако Бостон селтикс беше подготвен на Реј Ален да му понуди двојно поголема плата, Ален се согласи да игра за три милиони долари по сезона, бидејќи екипата што ја предводи Леброн Џејмс има добри шанси и наредната сезона да го освои шампионскиот прстен.
Ален во текот на кариерата играше за Милвоки и Сиетл, а минатата сезона просечно постигна 14,2 поени, 3,1 скокови и 2,4 асистенции.

Најнови вести