Корисничко име Лозинка Пријави се
06.6.2012

Мали ќе игра како домаќин во Буркина Фасо

Репрезентацијата на Мали ќе мора домашните мечеви во квалификациите за Светското првенство да ги игра во Буркина Фасо бидејќи ФИФА ги премести натпреварите на неутрален терен поради државниот удар во земјата.

ФИФА и Фудбалскиот сојуз на Буркина Фасо соопштија дека мечот од групата Х против Алжир, кој се игра во недела, е преместен од Бамако во главниот град на Буркина Фасо, Уагадугу.
ФИФА соопшти дека натпреварот нема да може да се игра во Мали бидејќи таму има нереди уште од март, кога во воениот удар е сменет претседателот на земјата.
Минатиот месец тимовите од Нигерија и Египет останаа заглавени во Бамако бидејќи избија нереди меѓу воената хунта и војниците коишто се обидуваа да го вратат на власт претседателот. Алжир поради тоа побара натпреварот да се премести.
Мали минатиот месец неочекувано беше поразен од Бенин во првото коло на африканските квалификации, додека Алжир победи во Руанда.

Најнови вести