Корисничко име Лозинка Пријави се
14.5.2012

Билиќ на клупата на Локомотив Москва

Славен Билиќ, селекторот на Хрватска, од наредната сезона ќе ја предводи екипата на Локомотив од Москва.

Тој по завршувањето на претстојното Европско првенство ќе ја преземе тренерската улога во рускиот клуб, со кого потпиша тригодишна соработка.
„Потпишав договор со Локомотив Москва, кој стапува на сила веднаш по завршувањето на континенталниот собир. Пресреќен сум што ќе седам на клупата на еден толку голем клуб во толку голем град и во многу квалитетно првенство“, рече Билиќ.
Четириесет и тригодишниот Билиќ на селекторската позиција на Хрватска е уште од 2006 година.

Најнови вести