Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
16.3.2012

Милан повторно против Барселона во Лигата на шампионите

Денес во Нион беа извлечени паровите за четвртфиналето, полуфиналето и финалето од Лигата на шампионите.

Денес во Нион беа извлечени паровите за четвртфиналето, полуфиналето и финалето од Лигата на шампионите.

Двата тима кои не посакуваа да се сретнат во четвртфиналето се Милан и Барселона, кои сезонава веќе еднаш се сретнаа во групната фаза, каде што „каталонците“ на „Камп ноу“ ремизираа, но во Италија победија со резултат 3-2. Победникот од овој дуел ќе ги вкрсти копјата со победникот од дуелот Челзи и Бенфика.

Интересно ќе биде и на натпреварот меѓу францускиот Марсеј и „баварците“, кои имаат желба големото финале да го одиграат пред своја публика. Екипата која ќе го мине четвртфиналето, најверојатно, ќе вкрсти со Реал Мадрид, кој има условно лесна задача, откако за противник го доби најголемото изненадување, кипарскиот АПОЕЛ, поради кого Македонија повторно ќе има претставник во завршната фаза бидејќи во својот тим тие го имаат Иван Тричковски.

Четвртфиналните натпревари ќе се одиграат на 27-ми и 28-ми март, првите средби, додека реваншите на трети и четврти април. Полуфиналињата на 17-ти и 18-ти и 24-ти и 25-ти април, а големото финале ќе се одигра на 19-ти мај на „Алијанц арената“ во Минхен.

 

АПОЕЛ – Реал Мадрид

Марсеј – Баерн Минхен

Бенфика – Челзи

Милан – Барселона

 

АПОЕЛ/Реал Мадрид - Марсеј/Баерн Минхен

Бенфика/Челзи – Милан/Барселона

Најнови вести