Корисничко име Лозинка Пријави се
17.9.2018

Денот кога се промени фудбалот!

На денешен ден пред пред точно 18 години, во Барселона пристигна Лионел Меси

Датумот 17 септември засекогаш ќе го памтат во Барселона. Тоа е денот кога пред точно 18 години, во каталонскиот гигант пристигна Лионел Меси. Тогашното 13-годишно детенце пристигна од Аргентина, со цел да покаже дека во него има вонсериски талент.

Во познатата школа на Барселона, популарната „Ла Масија“ никогаш претхофно се немаше појавено таков талент. Детенцето кое имаше потреба да прима и хормони за раст, во Барселона ги доби сите потребни услови за да израсне во еден од најдобрите фудбалери на сите времиња. Токму денеска, Меси слави полнолетство во Барселона, а неговото име засекогаш ќе остане запамтено во каталонскиот гигант.

Откако ги помина сите младински категории, Меси дебитираше за сениорскиот тим во 2004 година и досега одигра вкупно 642 средби во сите наптреварувања. Зад неговото име има запишано 556 погодоци и 239 асистенции.

Меси може да се пофали дека со Барселона има освоено девет титули во Примера дивисион, осум трофеи во шпанскиот Суперкуп, шест во Купот на земјата, четири во Лигата на шампионите, три Суперкупа на Европа и три Светски клупски првенства.

Освен на клупско ниво, кога се во прашање наградите, тој е неверојатно успешен и на поединечен план. Меси пет пати ја освојуваше „Златната топка“, a исто толку пати ја добиваше и „Златната копачка“. Неговот доаѓање во Барселона, едноставно го промени фудбалот.

Најнови вести