Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
14.9.2018

Време е за нов почеток, време е за СПОРТМАНИЈА

Најдобриот дел од денот одделете го за СПОРТМАНИЈА.МК

Септември е месец кој означува многу нови почетоци. Тоа е месец кога почнува учебната година, месец кој ја означува есента, време кога стартуваат новите возбудувања во фудбалската Лига на шампиони... Овој септември ќе добие уште еден нов почеток, стартот на спортскиот портал СПОРТ МАНИЈА.

По една работа, ова ќе биде прв и единствен спортски портал. Покрај сите најнови информации од спортските настани, тука најбрзо ќе можете да се информирате за сите најинтересни секојдневни понуди кои се нудат во светот на обложувањето.

Ова е време во кое спортот и обложувањето одат „рака под рака“. Веќе не постои спортски настан во светот на кој не можете да се обложите. Понудата на спортски портали кај нас, исто како и понудата на обложувалници, е голема. Сепак, наместо како досега да „лутате“ околу најновите информации од спортски аспект, а потоа на друго место да ги барате најдобрите коефициенти за обложување, ние ви нудиме многу полесно решение.

Тука ќе можете да ги прочитате сите новости од домашната, но и од меѓународната сцена. Фудбал, кошарка, ракомет и сите останати спортови ќе добијат свој простор. Подготвени сме заедно да се радуваме на успесите на нашите селекции и клубови, но и да критикуваме кога ќе има потреба од такво нешто. Ќе анализираме, ќе коментираме и ќе дебатираме и со вас читателите.

Отворете, читајте СПОРТМАНИЈА.МК, запознајте се со сите најнови спортски информации, а потоа одберете ги најдобрите коефициенти за обложување.

Едноставно, ви нудиме две задоволства, споени во едно. Спорт и обложување за сите читатели. Затоа нашето мото е едноставно...

Најдобриот дел од денот одделете го за СПОРТМАНИЈА.МК

Најнови вести