Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
13.9.2018

Мајкл Џордан „влезе“ и во Пари Сен Жермен

Спортската опрема на легендарниот кошаркар ќе ја користи францускиот првак.

Влијанието на Мајкл Џордан преку неговата спортска марка „Аир Џордан“ добива нова димензија. Откако стана главна во кошарката, а потоа се рашири и на останатите спортови низ Америка, сега влегува и во фудбалот. И тоа не каде било, туку директно во редовите на францускиот првак Пари Сен Жермен.

Денеска во Париз беше промовирана новата опрема на „светците“ со заштитниот знак на Мајкл Џордан. Американската фирма ќе пушти повеќе од 90 различни продукти со амблемот на ПСЖ, каде што главни ѕвезди се Нејмар, Килјан Мбапе и Единсон Кавани.

Двете страни се договориле да склучат договор на три години, а Џордан верува дека францускиот клуб е вистинско место за да се промовира во фудбалот. Веќе неколку години ПСЖ е доминантен во Франција, а тимот се надева дека сезонава може да има историска година и во Лигата на шампионите, која никогаш ја нема освоено.

Најнови вести