Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
13.9.2018

Вардар ја има втората најдобра атмосфера во ракометната Европа

Во традиционалното гласање на ЕХФ имаше место и за екс „црвено-црните“ Раул, Штербик и Циндриќ.

Доскорешниот тренер на Вардар, Раул Гонзалес, го доби признанието за најдобар стратег во Лигата на шампионите за минатата сезона. Така решија сите тренери кои гласаа во традиционалниот избор кој го спроведува Европската ракометна федерација (ЕХФ) пред стартот на новата сезона во ЛШ.

Актуелниот македонски ракометен селектор, а сега тренер на Пари Сен Жермен, доби 18 гласови и за еден глас беше подобар од предводникот на европскиот првак Монпелје, Патрис Канаје.

Атмосферата која навивачите на Вардар ја создадаваа минатата сезона во „Јане Сандански“ е на второ место во гласањето. Како подобри навивачи се покажале само фановите на Веспрем.

Во идеалниот тим кој го одбраа тренерите место имаше за некогашните Вардарци, Арпак Штербик (голман) и Лука Циндриќ (централен бек). Меѓу најдобрите се и Уве Генцхајмер (лево крило), Микел Хансен (лев бек), Давид Балгер (десно крило), Дика Мим (десен бек) и Лудовик Фабрегас како пивот.

Најнови вести