Корисничко име Лозинка Пријави се
24.1.2012

Билјалетдинов се враќа во Русија

Динијар Билјалетдинов, дваесет и шестгодишниот репрезентативец на Русија и довчерашен член на Евертон, кариерата ќе ја продолжи во Спартак Москва.

Деветкратниот руски шампион го договорил трансферот со Билјалетдинов, кој договорот со новиот клуб ќе го потпише веднаш откако ќе ги мине медицинските прегледи. Медиумите известуваат дека рускиот клуб на сметката на Евертон ќе уплати седум милиони фунти.

„Клубовите го договорија мојот трансфер. Ќе потпишам кога ќе ги минам лекарските прегледи, но сè уште не можам да кажам на колку долго ќе биде договорот“, изјави Билјалетдинов, кој за Русија одигра 45 натпревари и постигна шест погодоци.

Билјалетдинов пет години играше за Локомотив Москва, а од 2009 година беше член на Евертон.

Најнови вести