Корисничко име Лозинка Пријави се
05.9.2018

Македонија е подготвена за победа на стартот од Лигата на нациите

„Црвено-жолтите“ во најсилен состав против Гибралтар за позитивен почеток во новото меѓународно натпреварување

Сениорите денес го одработија и последниот тренинг пред утрешната пресмета против Гибралтар, мечот со кojшто ќе го забележиме првото учество во новото првенство на УЕФА, Лига на нациите.

Селекторот на нашата селекција, Игор Ангеловски, и капитенот Горан Пандев на прес-конференцијата истакнаа дека Македонија е подготвена да стартува со триумф, имајќи го предвид квалитет кој го поседува нашата селекција.

„Исправно постапивме со тоа што дојдовме тука три дена порано за да тренираме. Се навикнавме на условите и, пред сѐ, на теренот, па сметам дека по овие мини-подготовки спремни сме да стартуваме со победа. Нема да правиме експерименти со тимот, на теренот ќе излезат најдобрите, верувам дека сите ќе пристапат на високо ниво“, посочи селекторот Ангеловски.

„Моето искуство е големо, но, утре играме против селекција која нам не ни е позната. Во минатото можеби сме имале проблеми со ваков тип репрезентации, токму затоа мора сериозно да пристапиме на овој меч. Сметам дека оваа репрезентација е една од најдобрите во нашата историја, мора да го искористиме тоа и да ја оправдаме фаворитската улога во оваа група“, истакна Пандев.

Мечот Македонија - Гибралтар е закажан за утре, со почеток од 20.45 часот.

Најнови вести