Корисничко име Лозинка Пријави се
03.9.2018

Реал ја украде „тика-така“ играта на Барселона

Новиот тренер Хулен Лопетеги со негов сличен стил како што го прават тоа Каталонците

Реал Мадрид има три победи по првите три кола во Шпанија, но е на второто место на табелата, веднаш зад вечниот ривал Барселона, и тоа поради послабата гол-разлика. Реал даде 10 гола во три меча, и тоа е одличен просек, посебно ако се знае дека ова е ера по заминувањето на Кристијано Роналдо, кој беше прв голгетер на тимот. 
Новиот тренер на Кралскиот клуб, Хулен Лопетеги им наметна нов стил на игра на мадриѓани. Тактиката и начинот на играта на Лопетеги во многу нешта потсетува на тоа што го правеше Пеп Гвардиола во времето кога беше тренер на Барселона. 
На мечевите против Хетафе и Хирона, играчите на Реал го притискаа противникот уште во третата зона, а со кратки додавања се обидуваа да ја срушат одбраната на ривалот. Главен во таа игра е Германецот Тони Крос, кој од 226 додавања, дури 220 му биле прецизни. 
Кога на дуелот против Леганес во првиот тим се врати и Лука Модриќ, доминацијата на Реал стана уште поголема. На тој меч, Кралевите имаа 798 прецизни додавања, со што го срушија клупскиот рекорд по бројот на точни додавања на една средба. 
Реал едноставно го менува стилот на игра и започнува со „копија“ на тактиката на Пеп Гвардиола. Колку за потсетување, токму кога Гвардиола беше тренер на Барселона, а на клупата на Реал седеше Жозе Мурињо, мадриѓаните на крајот од сезоната имаа неверојатни 27.366 помалку додавања од најголемиот ривал. Сезонава дефинитивно нема да биде толку драстична разликата. 

 

Најнови вести