Корисничко име Лозинка Пријави се
02.9.2018

Заврши петгодишното чекање за Фортуна

За тимот од Дизелдорф, ова е прв бод во Бундеслигата после долго време

Фортуна од Дизелдорф, го освои својот прв бундеслигашки бод после цели пет ипол години, поточно од пролетта 2013 наваму. Клубот кој после пет сезони се врати во германската елита, загуби во првото коло, а успеа да се врати непоразен од гостувањето кај Лајпциг. 
Фортуна имаше седум порази по ред во Бундеслигата, сметајќи ги и последните шест рунди од сезоната 2012/2013. Попладнево, малерот е прекинат, откако ремизираше 1:1 со Лајпциг. 
Гостите од Дизелдорф поведоа со голот на Цимерман во 47 минута, но домашните израмнија во 68 минута, и не му дозволија на аутсајдерот да ги освои трите бода. И на Лајпциг не му цутат розите, и за нив ова е прв бод сезонава. Тимот од истокот на Германија не беше блиску до победата, не само што не успеа да направи целосен пресврт, туку и голманот ги спасуваше во две ситуации, па конечните 1:1 за нив се добар исход.
Шансата за прва победа, Фортуна ќе ја бара во следното коло против Хофенхајм. 
 

Најнови вести