Корисничко име Лозинка Пријави се
30.8.2018

Ова ќе биде најсилната Лига на шампиони во историјата

За прв пат во групната фаза ќе има дури 13 клубови кои биле освојувачи на најсилното клупско натпреварување

Фудбалска Европа ја очекува ждрепката на групите во Лигата на шампионите, која е закажана за во 18 часот. Според клубовите и нивната историја, ова ќе биде најсилната Лига на шампиони во историјата. 
Некогашните европски прваци Интер, Ајакс, ПСВ Ајндховен и Црвена ѕвезда се враќаат во елитното натпреварување на УЕФА. Со овие четири екипи, за прв пат на ждрепката ќе има дури 13 некогашни освојувачи на највредниот клупски трофеј во Европа. Покрај овие 13 освојувачи, има плус уште пет клуба кои играле барем еднаш во финалето. Тоа значи дека повеќе од половина учесници биле дел од завршниот меч за освојување на трофејот. 
Реал Мадрид, кој е и актуелен освојувач на тронот на Европа, е рекордер со 13 трофеи. Потоа следуваат Баерн Минхен, Барселона и Ливерпул со по 5 титули, па Ајакс (4), Манчестер јунајтед и Интер со по 3. По два пати шампиони биле Јувентус, Бенфика и Порто, додека по еднаш на европскиот клупски трон се искачиле Црвена ѕвезда и Борусија Дортмунд. 
Финалисти во најсилното клупско натпреваување биле Атлетико Мадрид, Валенсија, Бриж, Рома и Монако. Со вакви екипи, очекувано е ова да биде и најсилната Лига на шампиони во историјата. 

 

Најнови вести