Корисничко име Лозинка Пријави се
29.8.2018

Победа продолжува во Купот на Македонија – Гостински тирумф над Струга Трим-Лум

Прилепчани очекувано славеа во првото коло од Купот на Македонија

Прволигашот Победа се пласира во следната рунда од Купот со триумфот од 1-2 на гостувањето против Струга Трим-Лум. Гостите од Прилеп стигнаа до водство во 22-рата минута, по успешно изведениот пенал на Јорданчо Наумоски. Стружани се вратија резултатски кон стартот на второто полувреме, но избраниците на Тони Мегленски одново ја вратија предноста со голот на Киријан Нвабуезе во 75-тата минута од средбата.

Победа е претпоследниот учесник во осминафиналето од Купот на Македонија, се чека уште подобриот од дуелот Кожув – Шкендија, меч кој ќе се одигра на петти септември.

Најнови вести