Корисничко име Лозинка Пријави се
28.8.2018

Лидерот се засили со екс-репрезентативец – Шиков е нов играч на Академија Пандев

Искусниот стопер Ванче Шиков ќе игра за лидерот во македонското првенство Академија Пандев, откако двете страни се договорија за соработка

Поранешниот македонски репрезентативец Ванче Шиков потпиша договор со Академија Пандев и сезонава ќе ги брани боите на струмичани. Тоа е големо засилување за актуелниот лидер во македонското првенство, кој покажува дека има амбиции за европски настап.
Договорот е веќе готова работа, а сега само останува да се комплетира документацијата за искусниот стопер до 31. август, последен ден од преодниот рок.
Шиков, кој има 33 години е играч со огромно искуство и настапи на интернационалната сцена, а за нашата репрезентација има одиграно 56 натпревари. Грото од нив ги играше заедно со Горан Пандев, кој е сопственик на клубот.

 

Најнови вести