24.8.2018 Роналдо нема секогаш да биде стартер во Јувентус
Ќе има мечеви на кои Кристијано ќе биде резерва
Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри откри дека најголемата ѕвезда во италијанската Серија А, Кристијано Роналдо, нема да биде стартер на секој меч. Според Алегри, Роналдо може ќе биде стартер на утрешното дерби против Лацио, но тоа не значи дека секогаш ќе биде така.
„Ќе биде тежок меч против Лацио. Минатата сезона тие ни го нанесоа првиот пораз. Очекувам да биде неизвесно. Можно е да има промени во составот. Во зависност од мечот, ќе ги правиме и измените. Можно е и Роналдо да биде на клупата на некој натпревар. Засега ќе игра, но ќе видиме за подоцна“, откри Алегри.
Во дербито во Серија А, Роналдо не даде гол на дуелот против Киево, а италијанскиот првак се намачи и едвај победи со 3-2, благодарение на погодокот во судиското надополнување. Мечот против Лацио се игра во Торино, што значи дека Роналдо и останатите ќе ја имаат поддршката од публиката.