Корисничко име Лозинка Пријави се
18.8.2018

Најскапите 11 „птици-преселници“ во Серија А

По четворица играчи од Милан и Јувентус, тројца од Интер, и еден од Рома, го сочинуваат најсилниот тим

Италијанските фудбалски клубови летово потрошија повеќе од 1 милијарда евра за засилувања, и сето тоа најавува интересна сезона во Серија А. Пет тима најавуваат борба за титулата, која љубоморно ја чува Јувентус, клубот летово кој дополнително се засили со најдобриот фидбалер на светот за минатата година. 
Откако заврши преодниот рок во Италија, може да се направи „дрим-тим“ од најголемите трансфери кои беа направени летово во Серија А. Kако изгледа идеалниот тим на приновите во италијанските тимови на секоја позиција?
Реина од Наполи прејде во Милан, и тоа е најголемото засилување во лигата на голманската позиција. Кај десните бекови, Кансело предизвика внимание со преминот од Валенсија во Јувентус. Кај централните дефанзивци, Јуве и Милан си ги разменија Бонучи и Калдера. 
Наинголан кој од Рома замина во Интер и Нзонзи кој дојде во Рома од Севилја, се најдобрите „деструктивци“ во средниот ред кои направија трансфери, на крилните позиции се Даглас Коста кој се врати во Јувентус и новиот играч на Милан, Кастиљехо, кој дојде од Вилјареал.
Најспектакуларни трансфери на напаѓачките позиции се оние на младиот Лаутаро од аргентински Расинг во Интер, на Игуаин кој од Јуве замина во Милан, и секако трансферот кој го одбележа овој преоден рок, преминот на Роналдо од Реал Мадрид во Јувентус за 105 милиони евра. 

 

Најнови вести